Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет”

По кратко боледување на седумдесет и седумгодишна возраст денеска почина основачот и претседател на „КАМ маркет“ Гоце Камчев, соопштија од компанијата.

Тој е роден на 28 април 1945 година во Скопје. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој.

Тој ќе биде погребан в недела, на 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија, Ракурс

Најчитани вести