Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска на ГП Деве Баир приведени се тројца бугарски државјани, кои се обиделе физички да нападнат полициски службеници.
“Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот”, соопшти МВР.


