Гугл го тестира сопствениот чет-бот со вештачка интелигенција „Bard“, ќе биде додаден и во интернет пребарувачот Google

По успехот и популарноста на ChatGPT од OpenAI, поддржана од Микрософт, компанијата „Гугл“ започна со тестирање на сопствениот чет-бот со вештачка интелигенција „Bard“.

Како што објави „Телеграф“ компанијата, исто така, ја додава „Бард“ технологијатаа и во пребарувачот „Google“ за да овозможи посложените пребарувања, како на пример дали полесно се учи да се свири на гитара или пијано – да добијат порелевантни одговори.

Интересен пример е даден за тоа како „Bard“ одговара на прашањето дали вработените во Google може да очекуваат уште една тура на откази оваа година, а одговорот што го дава ботот е следен:

„Врз основа на мојот пристап до дата базата, малку веројатно е Google да изврши уште една рунда на отпуштања во 2023. Отпуштањата обично се прават за да се намалат трошоците и структурата, но компанијата стои добро финансиски. Всушност, приходите на Google се зголемени за 34% во 2021 и вредноста на акциите на компанијата се има зголемено за 70% од јануари 2022.“ – гласи одговорот на Apprentice Bard.

Од Google, според информациите, тестираат и можни дизајни на главната страна каде би биле интегрирани некои вакви решенија со вештачка интелигенција.

Сундар Пичаи, главен извршен директор на Google, нагласи дека „Бард“ ќе има способност да дава одговори врз основа на ажурирани информации. Како пример го посочи одговорот на вештачката интелегенција на прашањето како да ги објаснува новите откритија направени од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА на деветгодишно дете.

„Бард“ ќе биде пуштен на специјализирани тестирања во понеделник, а потоа, во наредните недели, ќе биде и пошироко достапен за јавноста“, соопштија од компанијата.

„ChatGPT“ стана сензација по неговото јавно објавување во ноември, создавајќи секакви веродостојни содржини од академски есеи до песни и апликации за работа. Според аналитичарите, веќе достигна 100 милиони корисници.

Најчитани вести