(ФОТО) Армискиот Тим за спасување отпочна со активностите во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Министерството за одбрана соопшти дека нашиот армискиот тим за спасување отпочна со активностите во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије.

„Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Туркије, во  текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите“, соопшти Министерството за одбрана.

Како што се наведува во соопштението армискиот тим е составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили  и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините.

„Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

Надеж дека во текот на пребаруѕвањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и  службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди“, наведуваат од МО во нивното соопштение.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести