Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва се видени во Собранието, информира Клан Македонија. На местото на настанот бил новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши при излегувањето од Собранието не ја демантирал средбата со лидерот на македонската опозиција Мицкоски. Тој за Клан изјавил дека должност на лидерите и политичарите е да се сретнат за доброто на државата.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицсоки, не сакаше да ја потврди средбата со Гаши. Само кусо изјави дека се поздравиле од култура.
Неофицијално според порталот Албазон, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска одржал и тајна средба со Христијан Мицкоски во просториите на Собранието.
Средбата се чува во тајност и далеку од очите на јавноста, јавуваат медиуми на албански јазик во земјава
Инаку, вечерва Алтернатива треба да одлучи како ќе делува понатаму и дали ќе продолжи како дел од мнозинството.


