На подрачјето во Албанија, во близина на Елбасан е регистриран земјотрес.
Истиот е регистриан и од Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што соопштија земјотресот е на 130 км југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.


