Една третина од житарките во ЕУ се увезуваат од Русија и Украина

Загриженоста поради глобалната криза со храна се зголеми пред една година, со војната во Украина. Посебно беше изразен недостигот на производи поради блокадата на црноморските пристаништа, се до јули 2022 година, кога по склучување на договорот почнаа со работа.

Една година претходно, во 2021 година, Украина беше многу важен снабдувач на растителни или животински масла и масти. Тоа претставувало 14,5 отсто од вредноста на целокупниот увоз на Европската Унија во оваа група производи и шест отсто од увозот на култури и растителни производи, наведува Eurostat.

Од друга страна, Русија беше меѓу главните извозни дестинации за храна и пијалаци од ЕУ (4,5% од вкупниот извоз на ЕУ во оваа група производи) и за култури и растителни производи (4,4% од извозот на ЕУ).

Гледајќи подетално, околу една третина од вредноста на увозот на житарки во ЕУ во 2021 година доаѓал од Украина, односно 28,8 отсто и се проценува на 1,7 милијарди евра, и од Русија 4,8 отсто.

Украина имаше релативно високо учество и во увозот на маслодајни семиња од кои се добива масло (9,9%, во вредност од 1,4 милијарди евра).

За споредба, во 2021 година во ЕУ се произведени житарки во вредност од 64,3 милијарди евра, а маслодајни растенија во вредност од 15,1 милијарди евра.

Извор: Агротим.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести