Tвитер падна откако Ријана објави дека е бремена на полувремето на „SUPER BOWL 2023“, „предавство“, велат фановите

Во 20:38 часот по локално време, неколку минути по завршувањето на нејзиниот настап, додека „Philadelphia Eagles“ и „Kansas City Chiefs“ го започнаа второто полувреме од натпреварот во првенството „SUPER BOWL 2023“ на социјалната мрежа Твитер имало многу пријавени нарушувања.

„Downdetector“ забележал 9.922 пријави од корисници додека обожавателите на Ријана објавувале твитови преку кои прашувале дали таа е бремена. Проблеми се појавиле и на апликацијата и на веб-страницата на Твитер. Падот на Твитер бил поврзан со големиот број твитови кои се објавуваат истовремено.

Веднаш по нејзиниот настап пејачката потврдила дека е бремена.

Голем дел од корисниците биле возбудени поради радосната вест што ја објавила пејачката, додека други пак посочувале дека „ќе чекаат две години на нов албум“.

„Еднаш ѝ простија што најде маж и остана бремена. Но втора бременост за помалку од една година? Предавство”, “Лошата девојка се претвори добра”, “Среќна сум што е бремена, но дали тоа значи дека ќе чекаме две години за нов албум“, „Најсреќна е кога е бремена“, се само дел од коментарите на корисниците и особено корисничките на Твитер.

Најчитани вести