„Louis Vuitton“ лансираше торбичка од 2.310 долари, ја претстави како „Колаче за среќа“

Луј Витон ја лансираше својата нова „Fortune Cookie“ торбичка од 2.310 долари. Оваа торбичка изгледа како познатите кинески колачиња за среќа, што често се наоѓаат во кинеските ресторани.

„,Ние сме тоа што го јадеме’ е стара поговорка, но се чини дека модната индустрија ќе ја редефинира оваа изрека. Отсекогаш сме биле тоа што го носиме, храната само не инспирираше да ја промениме играта и да „носиме тоа што јадеме“ – велат од „Луј Витон“.

Чантата е претставена во колекцијата пролет/лето 2023 година на брендот, изработено од квалитетна телешка кожа со препознатливиот LV монограм и има ремен што се вади. За целосно да го оправда своето име, LV чантата е спакувана во игриво дизајнирана пластична фолија, која може да се користи и како чанта.

Торбичката „Fortune Cookie“ се продава за 2.310 долари и, како што велат од Луј Втон, многу брзо е распродадена преку онлајн продавницата на Луј Витон.

Најчитани вести