Винарија „Стоби“ традиционално ја закрои и освети виновата лоза по 14. пат: Ковид пандемијата не влијаела на пласманот и извозот на вината

Винарија „Стоби“ традиционално ја закрои и освети виновата лоза по 14. пат 

По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во ви­нар­ија „Сто­би“ по 14-ти пат се одр­жаа тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за.

И оваа го­ди­на, со литургија, од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та.

– Овој ден за нас е посебен, 14 – та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, за да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Генералниот директор на холдинг компанијата „Перминдекс“, за винарницата „Стоби, млекарницата „Галичник“, „Црвени Брегови“, Никола Деребанов објаснува дека по ковид пандемијата и економската криза која владее во светот, но и во нашата земја и која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината произведени во винарија „Стоби“ која и понатаму работи успешно.

Воедно Деребанов посочи дека минатата година најголем предизвик било ребрендирањето на нивното портфолио и лансирањето на нова линија на вина наречена „Македон“.

Винарија „Стоби“ годишно произведува 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои само 24 отсто се пласираат на домашен пазар, а дури 76 проценти се наменети за извоз на 18 пазари од регионот и светот. Најголеми извозни пазари се Кина, Сад и Русија, но значителна продажба остваруваат и во европски држави Холандија, Данска, Белгија и земјите од регионот.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести