Поранешното момче на Јелена, сега работи за Новак, еве за когo станува збор

Јелена и славниот тенисер Новак Ѓоковиќ се запознале во средно училиште, но пред да сфатат дека се еден за друг и да ја крунисаат својата љубов, имале кратки врски со други партнери. Сето тоа долго време стои во папката „eкс“. Сепак, едно од имињата е особено интересно затоа што човекот во моментот работи за Новак.

Во времето кога сè уште се презивала Ристиќ, Јелена го љубела тенисерот Иван Бјелица Гилет. Иако тие двајца имале кратка врска, неговото име продолжи да се споменува во медиумите и надвор од објавите на тема спорт.

Пред пет години Иван започна да излегува со Христина Поповиќ. Иако никогаш јавно не зборуваа за својата врска, стана јасно дека на љубовта и дојде крајот во 2018 година, кога русокосата актерка ги избриша заедничките фотографии од својот Инстаграм профил.

Иван Бјелица своевремено беше перспективен тенисер, кој стигна до 290. место на АТП листата. Освои 12 трофеи на ИТФ турнирите, а беше успешен и како играч во двојки. Во својата сениорска кариера одигра повеќе од илјада натпревари.

Дипломирал банкарство и финансии на Универзитетот во Мисисипи, а денес е почитуван тренер во тенискиот центар на Новак, па на некој начин се уште е присутен во животот на својата поранешна девојка, но и на нејзиниот сопруг.

Најчитани вести