Велешките лозари и винари го одбележаа својот празник Св. Трифун

Лозарите и винарите од Велес и пошириот велешки регион, Градско и Чашка денеска по традиција со закројување на лозовите насади и нивно полевање со вино го одбележаа празникот Св. Трифин посакувајќи родна и бириќетна година со многу грозје, вино, ракија и други производи.

На некои од поголемите лозови насади лозарите и винарите по традиција повикаа за осветување на лозите насади свештени лица од Повардарската епархија, а потоа со роднините и пријателите поделија и славска погача и наздравија со вино.

Велешкиот поширок регион е познат по лозарството и винарството многу одамна. Пред 30 години во Велес работеше и познатата винарија на Агрокомбинатот  „Лозар“ која имаше и бројни лозови насади со многу хектари најквалитетни сорти на грозје. Од  нив велешки „Лозар“ произведуваше најквалтетни вина, како и вињак коњак и други вински производи  кои беа извезувани во светот и и наградувани со бројни награди и признанија.

По затворањето  на АК „Лозар“ во 2003 година пред точно 30 години тие површини беа распродадени на повеќе сопственици. Во изминатите 30 години тие отворија  голем  број помали и поголеми винарии и продолжија да  произведуваат квалитетни македонски вина од велешиот регион.

Освен поголемите лозари и винарии денеска празникот го одбележаа и голем број помали  лозари и винари во велешко кои имаат мали домашни лозја од по некој декар и самите произведуваат домашно  вино и ракија за своја  употреба, а некои и за продажба.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести