Научен труд, објавен во списанието „Плос уан“ (PLOS One), покажа дека половина од луѓето кои имале недостаток на витамин Д пред да се заразат со Ковид-19, потоа развиле потежок облик на болеста, во споредба со помалку од 10 отсто од луѓето кои имале поголемо ниво на витаминот во крвта. Одамна е познато дека витаминот Д е од витално значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од коронавирусот досега беше помалку позната.
– Најновото истражување е првото што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19. Најдовме неверојатни и запрепастувачки разлики во вашите шанси да станете пациент со тешки симптоми кога имате недостаток на витамин Д во споредба со кога некое лице има доволно ниво на овој витамин, рече д-р Амиел Дрор, автор на испитувањата и лекар од Медицинскиот центар на Галилеја во Нахарија, Израел.
Сепак, истражувањата не докажуваат дека витаминот Д штити од коронавирус и не е изговор за избегнување на вакцини и земање витамини.
Поголемиот дел од витаминот Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина, а го има и во храната како што е риба, печурки, жолчки од јајце… Нивоата на витамин Д повисоки од 20 нанограми на милилитар се сметаат за доволни за повеќето луѓе, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
МИА
]]>


