Овие вести се насловени како „Некои добри вести од источна Европа“, со оглед на тоа што беше еден од регионите со најлошите резултати за време на постоењето на Индексот за демократија. Источна Европа ги надмина сите други региони во 2021 година, избегнувајќи пад на нејзиниот регионален просечен резултат. Три земји (Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија) ги подобрија своите резултати доволно за да бидат надградени од „хибридни режими“ до „неисправни демократии“.
Само за споредба забележани и се назадувања во светот како на пример Шпанија и Чиле од земји со „Полна демократија“, паднале во групата во која сега се наоѓа Северна Македонија.
Она што го констатира извештајот на светско ниво е дека демократизацијата претрпела пресврт во 2021 година, при што процентот на луѓе кои живеат во демократија паднал под 50 отсто, а авторитарните режими зајакнале.


