Еве зошто Макрон го одбил рускиот тест за ковид 19 пред средбата со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил рускиот тест за ковид пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, потврди Кремљ.

Тестот требаше да биде направен заради здравствениот протокол, но тој е неприфатлив и не се вклопува во распоредот на францускиот претседател, изјавил француски извор за Би-Би-Си.

Оваа информација уследи по медиумските написи дека Макрон одбил руски ПЦР тест поради страв дека Русите ќе ја добијат неговата ДНК.

Двајцата државници ја одржале маратонската средба, а главната тема беше кризата околу Украина.

Тие двајца не се ракувале, а седеке на две спротивни страни од маса долга неколку метри. За некои овој гест на Путин бил направен за да испррати својата дипломатска порака.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести