На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.


