Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 246 пешаци.
Од МВР денеска информираа дека санкционирани се 195 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло…Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје…
За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
MИА
]]>


