Бугарскиот премиер Петков со една порака: Нема да нè спречите

Замислете си како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат во меѓусебното почитување, почитувањето на нивните права и просперитет.

Двете земји активно да го промовираат развојот на заедничките компании кои ќе создаваат големи добивки заедно, да имаме растечки економии, да имаме заеднички детски кампови, да имаме заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граници помеѓу нас, без дискриминација, без говор на омраза, да имаме автопати, модерни железнички линии….

За многумина овие зборови звучат како сон, други пак организираат секакви провокации за да не се случи тоа, трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.

Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокациите, туку заедно ќе работиме да го постигнеме тоа. И на сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да нè спречите!

-Фејсбук статус на бугарскиот премиер Кирил Петков

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести