(ВИДЕО) ИКЕА во Русија ги затвора вратите, погледнете како Русите реагираа

Откако шведскиот гигант најави дека ќе престане со работа во Русија од 4. март, поради инвазијата на Украина, Русите побрзаа да ги испразнат полиците. Со затворањето на вратите на ИКЕА, околу 15.000 работници ќе останат без работа.

https://twitter.com/ijaydenx/status/1499381087167909891
https://twitter.com/FuAnTaJi/status/1499444233614376965

ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина.

„ИКЕА ја прекинува работата во Русија и Белорусија. Покрај тоа, ИКЕА и Фондот на ИКЕА ќе донираат повеќе од 400 милиони шведски круни во добротворни цели за да им помогнат на оние кои беа принудени да ја напуштат Украина поради војната“, се вели во соопштението.

Од ИКЕА изјавија дека работните места и платите на вработените ќе бидат зачувани, а на нивните семејства ќе им пружат секаква поддршка.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Економија

Најчитани вести