По бројните реакции што стигнаа до редакцијата на АГРОТИМ во врска со забраната од страна на „Макпетрол“ за „набавка на гориво во буриња, канистри, канти и други садови, бидејќи е спротивно на законските регулативи, затоа што несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината“, ја исконтактиравме компанијата „Макпетрол“.
„Освен официјалното соопштение што е објавено, не можеме да дадеме никаква друга неофицијална информација. Во текот на денот можно е да има ново соопштение, а во меѓувреме се бара решение за некои групи засегнати граѓани. Сакаме да нагласиме дека гориво има и се точи без ограничување“, изјавија од „Макпетрол“ за Агротим.
]]>


