Путин се оженил со Шкребнева во 1983 година, а двојката има две ќерки – Марија Путин и Екатерина Тихонова.
Рускиот претседател отсекогаш бил таинствен за неговиот личен живот, па разводот со неговата сопруга во 2013 година беше на некој начин и изненадување.
Тринаесет години претходно, Путин објави биографија со наслов „Прво лице: зачудувачки искрен автопортрет на рускиот претседател“, која вклучуваше неколку интервјуа со него и со неговите најблиски. Во едно од тие интервјуа билo и тоа со неговата поранешна сопруга Људмила која раскажала некои детали од нивната врска.
Таа раскажала дека не размислувала многу откако со друга двојка излегла на состанок со Путин. Тој ѝ го дал својот телефонски број и останале во контакт, а подоцна се заљубиле еден во друг. По три и пол години Путин ја запросил, но на тој начин што Људмила се изненадила многу, таа имала дилема – дали тој ја напушта или сака да го помине остатокот од животот со неа.
„Една ноќ седевме овде и тој ми рече: ,Досега си сфатила каков сум јас. Во принцип, не сум лесен’“, раскажала таа.
„Беше самокритичен, објаснуваше дека е молчалив тип, дека е прилично строг за некои работи, па може и да навредува луѓе и слично“, изјавила Људмила во споменатото интервју.
Потоа тој ѝ рекол дека е „ризичен избор за животен партнер“.
Но, реченицата „За три и пол години, веројатно веќе си донела одлука.“ на Људмила ѝ звучела како да ја напушта.
„Да, одлучив“, му одговорила. Потоа тој со сомневање ја прашал само: „Да“?
„Во тој момент бев сигурна дека тоа е тоа, дека се разделуваме. Но, тогаш тој рече: ,Па, ако е така да се венчаме.’ Така, сето тоа беше целосно изненадување за мене“, раскажува Људмила.
Свадбата се одржала на брод, во кругот на најблиските пријатели, а за меден месец требало да одат на крузер од Одеса до Јалта, но Путин одлучил билетите да ги подари на некој пријател за време на свадбата. Така Људмила и Владимир по прославата заминале на патување со автомобил низ Украина.

Двојката беше во брак 30 години, а една година по разводот, Људмила целосно исчезна од јавниот живот. Кога се разведе од рускиот претседател, таа за новинарите изјави:
„Нашиот брак заврши поради фактот што едвај се гледавме. Владимир е целосно задлабочен во својата работа. Нашите деца пораснаа, секое од нив си живее свој живот… И навистина не ми се допаѓа публицитетот“.
Набргу по разводот, медиумите пишуваа дека се омажила за дваесет години помладиот Артур Очеретниј и го променила презимето во Људмила Александрова Очеретна. Оваа информација никогаш не беше официјално потврдена.
]]>


