Пар од Британија се венчалe во десеттата деценија од животот, невестата ја запросил додека имала срцев удар

Неверојатна и романтична приказна дојде од Велика Британија.

Британецот Морис Бентон и неговата избраничка Џоан Орис се венчалe во десеттата деценија од нивниот живот, а невестата ја запросил во моментот додека преживувала срцев удар.

Младоженецот постојано ја прашувал Орис дали ќе се омажи за него, но таа досега го одбивала.

Судбоносното „да“ Џоан го кажала кога Морис клекнал и ѝ рекол: „Жал ми е што не можам да направам болката да престане. Ќе се омажиш ли за мене?!“, раскажала Орис пред новинарите.

Како што изјавила, срцевиот удар ја натерал да сфати дека не им останува уште многу време.

„Тој беше толку изненаден што се согласив, што за малку и тој ќе добиеше срцев удар“, додала низ смеа Орис.

Тие се венчале пред неколку дена, а колку време досега биле заедно, повеќето нивни познаници мислеле дека веќе се веќе во брак.

Романтичниот Морис вели дека ќе продолжи да се грижи за неа.

„Секој ден перам и пеглам алишта. Таа тешко се движи, но сепак има здрав и остар ум. Време беше да ме направи чесен човек“, изјавил Бентон.

]]>

Најчитани вести