„Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил“, соопшти Енергоатом на Телеграм.
Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со Белорусија“ и „мал број“ руски сили остануваат во комплексот, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „напаѓачите примиле значителни дози на зрачење и се создала паника“
„Тие копаа ровови во Црвената шума, најзагадениот дел од Зоната со радијација. Поради паниката меѓу војската, настанал бунт“ – изјавија од Енергоатом.
По руската инвазија, постојат стравувања од зголемени радиолошки ризици во Чернобил.
Реакторот број четири во Чернобил експлодираше на 26 април 1986 година, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна несреќа во светот во која загинаа стотици и рашири радиоактивна контаминација на западот од Европа.
]]>


