Голема несреќа се случила во рудникот Соко, кај
Сокобања, Алексинац, Србија. Според директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, загинале осум рудари, а 20 се повредени. Живадиновиќ посочува дека најчесто кај повредените се работи за полесни повреди.

Нема информации уште колку рудари се заробени. Трагедијата се случила откако дел од јамата се срушила, во рудникот за кафеав јаглен „Соко“, а рударите останале заробени, јави РТС.
Несреќата се случила во пет часот наутро на 1 април.
„Ноќеска се случи голема несреќа во рудникот, но засега не можеме ништо да кажеме. Во тек е спасувачка операција. Обраќање ќе има подоцна“ – потврдил за „Информер“ директорот на рудникот „Соко“, Драго Милинковиќ.
Неофицијално, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои дел останале заробени од другата страна.
Рудникот Соко е јавно претпријатие за подземно ископување јаглен.
]]>