Груевски ги потврди разговорите во новите снимки, сакал да бидат искористени како доказ

“Денес многумина ме прашуваат дали овие разговори што вчера се појавија на YouTube каналот The true above all помеѓу мене и Камчев се случиле и дали ќе влијаат на судскиот процес.

Да, тие разговори се случија во фебруари 2021 година. Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков брутален притисок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички прогон, каде правосудниот систем е само егзекуторот, вклучително и против самиот Камчев. Секако јас сум прв на листата за “отстрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме обвинат и осудат”, пишува Груески на својот Фејбук профил.

“Не знам дали овие снимки ќе влијаат на судскиот процес. Знам само дека исти вакви снимки во случајот “Рекет” беа прифатени за докази и се донесоа судски пресуди на база на тие докази”, пишува Груевски и додава дека снимките точно покажувале дека немал никаква врска со таканаречените “Плацеви на Водно”.

Груевски во статусот не коментира зошто воопшто овие снимки биле направени, како се направени, ниту пак прашува кој ги снимал и зошто се објавени јавно, само го коментира правосудниот систем од кој избега во Будимпешта. Неговиот глас во снимките се слуша поретко, за разлика од долгите монолози на Орце Камчев. Па ако може да им веруваме на збор, во снимките велат дека не се виновни за ништо.

https://www.youtube.com/watch?v=I7QHUkgfufg&feature=emb_title
https://www.youtube.com/watch?v=xOkS6pMR2qw&feature=emb_title

Едно мало потсетување на неговата реторика, додека беше премиер.

https://www.youtube.com/watch?v=W2owLL7iOBQ&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести