„Во изминатиов период СДСМ покажа и докажа дека никој од власта не се меша во работата на судството и дека ниту еден владин функционер не е над законот“ изјави пратнеикот од СДСМ Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24 во врска со отворањето на случај за корупција против пораншениот генерален секретар на Владата, Зеќири.
Тој додаде дека не толку одамна, релевантни меѓународни фактори нашата држава ја опишуваа како киднапирана и заробена и дека беше мисловна именка да се покрене судска постпака за владин функционер додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
„Сега без разлика на која позиција е некој, законите важат за сите, бидејќи корупцијата го загрозува целото општество“ рече Талески.
Пратеникот од СДСМ истакна дека никој не е недопирлив и дека доколку некој се огрешил пред законот, треба низ правосудните органи да се докаже вината.
]]>


