Србинот Павличевиќ нов селектор на македонските одбојкари

Српскиот стратег Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата македонската одбојкарска репрезентација и ќе ги предводи „црвено – жолтите“ на претстојните настапи во Европската сребрена лига и Медитеранските игри.

Павличевиќ (56), чија официјална промоција е најавена за утре, доаѓа на местото на сонародникот Душко Николиќ.

Новиот македонски селектор во кариерата предводеше бројни екипи од Србија, Грција, Швајцарија и Саудиска Арабија. 

MИА

]]>

Најчитани вести