На денешен ден во 1901 година македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формирал првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.
По успехот со неговата драма „Македонска крвава свадба“, Војдан започнал да се залага за формирање на Македонски театар. По извршента реорганизација на екипата со која ги одржувал претставите, тие создале нова драмска екипа под името „Скрб и утеха“.
Успехот на драмската македонска екипа растеле и се одржувале драмски престави и гостувања во Бугарија, бидејќи немало соодветни технички услови во Македонија. По сѐ поголемиот успех на драмската екипа, таа си го променила повторно името во „Столичен македонски театар“.
]]>


