Седницата на Советот за безбедност на ООН закажана за утре, 14. мај, на која требаше да се разговара за израелско-палестинското насилство нема да се одржи.
– Утре нема да има седница на СБ, рече тој. Причина за тоа е немањето консензус поради забелешките од САД, пренесува БГНЕС.
Кина, Норвешка и Тунис предложија вонреден состанок на Советот за безбедност на ООН во петок во врска со ескалацијата на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, но Вашингтон побара седницата да биде одржана на 18 мај.


