Хоџа:Oд средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки

На барање на Сојузот на одгледувачи на овци, во просториите на МЗШВ, одржавме заеднички состанок, на кој разговаравме за проблемите со кои се соочуваат. Исто така, тема на дискусија беше и драфт верзијата на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и Законот за Пасишта, информира министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

На состанокот се согласивме дека министерството ќе превземе институционални мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат сточарите, и дека од средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки.

Ги замолив да имаат разбирање за доцнењето, кое е резултат на ситуацијата создадена од глобалната пандемија предизвикана од вирусот Ковид -19.

На сточарите им ги објаснив и придобивките што можат да ги користат од новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, како и од Законот за пасишта.

Вратите на министерството отсекогаш биле отворени за сите земјоделци, а ние како министерство ќе се заложиме да го направиме нашето земјоделство конкурентно во регионот но и пошироко.Продолжуваме понатаму заедно и уште поенергично !

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф