Богаташ купил цел фудбалски клуб за да неговиот син од 126 килограми биде фудбалер

Несекојдневен гест на еден татко изненади многумина, затоа што заради неговиот син си купил фудбалски клуб. Имено богатиот човек сакајќи да му ја исполни желбата на својот син да биде фудбалер, купил цел фудбалски клуб, а син му е главен напаѓач.

Со ова кинескиот бизнисмен станал сопственик на второлигашот Зибо Кују, а неговиот син Хе Шихуа игра во напад.

И целата оваа ситуација не би била толку различна од другите, каде што таткото е сопственик на клуб, а синот фудбалер во истиот, ако синот нема 126 килограми. Токму неговиот изглед го привлече вниманиеото.

Имено, Шихуа со неговите 126 килограми, му задава главоболки и на тренерот и на целиот тим, а овој „офанзивен играч“ ги изведува сите слободни удари, корнери и пенали. Резултатот од ваквата тактика е очекуван. Зибо Кују е последен во групата А во втората кинеска лига со едно реми и четири порази.

Инаку, 35-годишниот Хе Шихуа, кој ја носи „десетката“, исто така има свој профил на „Трансфермаркт’, а цената му е нешто повеќе од скромни 10.000 евра.

]]>

Најчитани вести