Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ изјави за Агротим дека за оваа година откупувачите, компаниите, склучија договори на многу помала количина, некаде околу 22.000 тони максимум и најавија дека нема да имаат можности поради отежнат пласман на светскиот пазар да откупуваат повеќе.
-Она што го најавуваат експертите дека 22.000 тони тутун помала количина, секако ако останат поволните временски услови ќе доведе и до подобар квалитет, па и цената ќе биде повисока. Нашата работа лани беше надзор на откупот и извршивме околу 5000 надзори во текот на откупот. Се јави проблем и со еден откупувач од 9 регистрирани, кажа дека нема средства и останаа 500 тони тутун кои потоа ги превзема Тутунски комибинат Прилеп – изјави Шапуриќ.


