Шест нови случаи на Ковид 19 и 10 оздравени пациенти, нема починати

Во последните 24 часа од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека од новорегистрираните случаи три се во Скопје и по еден случај во Тетово, Струмица и Берово.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти и тоа пет во Скопје,  Куманово двајца и по еден пациент во Велес, Струмица и Кичево.

– Направени се 2.887 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–15, МАНУ-68, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-211, Биотек-140, Систина-99, лабораторија Лаор-197, Синлаб-22, Ремедика-18, Плодност–44, Генеа–5, Никоб лаб-419, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.247, се наведува во соопштението од МЗ..

Досега, посочуваат од МЗ, во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68665, активни 87
Куманово 8882, активни 22
Прилеп 8327, активни  18
Тетово 7249, активни  21
Битола 6306, активни  8
Велес 5473, активни  4
Гостивар 5181, активни  7
Кавадарци 5154, активни  1
Охрид 5019, активни  17
Штип 4961, активни  1
Струмица 4120, активни  6
Струга 2981, активни  0
Кочани 2792, активни  0
Кичево 2596, активни  14
Гевгелија 2195, активни  0
Неготино 2184, активни  0
Свети Николе 1524, активни  1
Ресен 1234, активни  0
Крива Паланка 1227, активни  4
Радовиш 1161, активни  0
Берово 1030, активни  1
Делчево 973, активни  0
Дебар 942, активни  1
Виница 886, активни  2
Пробиштип 789, активни  0
Валандово 666, активни  0
Богданци 494, активни  0
Крушево 490, активни  0
Демир Хисар 400, активни  2
Демир Капија 396, активни  0
Кратово 377, активни  3
Македонски Брод 359, активни  1
Пехчево 268, активни  0
Македонска Каменица 249, активни  0.

]]>

Најчитани вести