Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ поднесе оставка, не ја известил колешката и претседателка Морачанин

Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ поднесе оставка.

Пратеничката и претседателка на партија Маја Морачанин во Утрински брифинг изјави дека таа не била известена за тоа.

-Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.

Таа нагласи дека од него нема директна информација за оставката, туку за тоа била известена од собраниските служби.

-Веројатно тој ќе си ги образложи причините за оставката, рече Морачанин.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Извор: Слободен печат

]]>

Најчитани вести