
Адреналинскиот забавен парк вбројува содржини за посетители 7 до 77 години, долга шопинг улица со прекрасни кафулиња и ресторани, како и луксузен хотелски комплекс.
Во неоткриениот магичен свет како што го нарекуваат посетителите од целиот свет, можете да пливате со делфини или пак да гледате претстави со фоки, пингвини, тигри и други животни.
Една од најголемите атракции на паркот сепак е хиперкостерот висок 62 метри, на кој возејќи се до 115 километри на час, имате чувство дека го допирате небото. Посмелите, кои со отворени очи се возат на вртоглаво брзиот костер, можат да и се восхитуваат на панорамата на прекрасниот Белек.

Шопинг авенијата на „Земјата на легендите“ со капацитет за 4000 посетители, има специфична архитектура и неверојатен број на домашни и светски познати брендови. Целиот комплекс содржи дури 17 ресторани и барови меѓу кои и ултралуксузен ресторан со поглед на аквариум полн со ајкули.
Сè што треба да направите е да одлучите кој дел од бајката сакате да го доживеете во епската атмосфера на „Земјата на легендите“ и да ја откриете сопствената легенда.
М.И.
]]>


