Финалето на Европското првенство во фудбал се уште трае и се чека победникот, откако во првите 90 минути и двете екипи, Англија и Италија дадоа по еден гол.
Во моментот се игра второто продолжение, а ова е седмо финале на Европско првенство, што завршило со продолженија.
На трибините на стадионот Вембли во Лондон, можат да се забележат многу славни личности меѓу кои фудбалерот Дејвид Бекам и актерот Том Круз. Во нивно друштво е и Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација.
Во публиката е и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои го повеле и синчето Џорџ, а не недостасува ниту британскиот премиер Борис Џонсон.
]]>
Борис Џонсон, Вембли, Дејвид Бекам, Том Круз, финале, Џани Инфантино