Што значи ако во Вашиот дом работите често паѓаат или се кршат

Секому му се случило понекогаш нешто да скрши или да не може да го најде. Меѓутоа, кога работите често почнуваат да се кршат или да исчезнуваат, тоа веќе е знак дека има премногу негативна енергија во домот, предупредува фенг шуи.

Во повеќето случаи, хаосот во куќата започнува поради акумулација на негативна енергија. Тоа може да се случи ако во куќата живее енергетски вампир или во неа често доаѓаат луѓе негативни луѓе. Кршењето и губењето работи според фенг шуи укажува на тоа дека негативната енергија се задржува и се акумулира во домот и може да резултира со неред, преполни полици или блокиран слободен проток на енергија.

Откријте што, според фенг шуи, симболизираат сите овие работи:

Ако во вашиот дом Ви тече вода од некоја цевка или ви капе од некоја чешма, веројатно имате финансиски проблеми. Тоа е знак дека треба да размислите колку рационално ги трошите парите и каде би можеле да заштедите.

Ако постојано барате некои ситници што ви требаат (шноли, клучеви, чорапи, капи), веројатно често се однесувате како егоист и најмногу им давате предност на вашите желби и потреби. Покрај тоа, веројатно сте мрзливи и претпочитате да ја префрлувате одговорноста на другите.

Скршени или пукнати садови, како и пукнатини на монитори или огледала, покажуваат дека во куќата се подготвува сериозна караница. Ако не ги решите или не се ослободите од скршените работи на време, караницата може да заврши лошо.

Постојаните дефекти на електричните уреди, честите трепкања на сијалиците, покажуваат дека луѓето од вашето минато не ви посакуваат добро. Вашата среќа ги спречува да си живеат мирно.

Честите дефекти во куќата укажуваат на токсична врска во која сè помалку се почитувате.

Работите што се губат засекогаш, укажуваат на статус кво. Тоа е знак да се фрли сè што е старо и непотребно и да се создаде простор за нешто ново, интересно и позитивно.

Се препорачува редовно да ја чистите енергијата во вашиот дом, а тоа ќе го направит ако ги фрлите сите работи што повеќе не ви требаат и ви го крадат просторот. За да може енергијата во домот да биде здрава, важно е да се фрли сè што е скршено и расипано како и да се поправат сите работи што може да се поправат.

]]>

Најчитани вести