(ВИДЕО и ФОТО) Германија се соочува со нешто невидено 90 години, бројат жртви, мостовите им паѓаат…

Најмалку 42 лица настрадале, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во западна Германија, соопшти германската полиција.

Најпогодени се сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, каде многу потоци и реки се излеаја.

Градот Хаген е меѓу најтешко погодените. Жителите се повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон повисоките делови на градот.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги евакуираат граѓаните од поплавените куќи, додека двајца пожарникари загинаале во градовите Алтена и Вердол.

Германската канцеларка Ангела Меркел поплавите ги нарече смртоносни.

Таа додаде дека со министрите за финансии и за внатрешни работи бараат начини како владата да им помогне на оние кои имаат потреба.

За време на нејзината посета на Вашингтон, Меркел им изјави на новинарите дека многу земји изразиле солидарност и им пружаат помош, пренесе Ројтерс.

Во последниве денови, бурите низ Западна Европа предизвикаа излевање на реките, што резултираше со брзи поплави за време на ноќите, бидејќи земјата не успева да апсорбира толку мнову вода. Многу мостови паднаа, а патиштата се поплавени со многу вода.

-Има мртви, исчезнати и многу луѓе кои се уште се во опасност. Никогаш не сме виделе ваква катастрофа. Навистина е катастрофално, рече гувернерката на германската покраина Пфалц, Мала Дрејер, во обраќањето пред регионалниот парламент.

Во Белгија, реката Весдре се излеа и нејзините води ги преплавија улиците на Пепинстер, близу Лиеж, а нејзината разорна сила уништила и неколку згради.

Неколку белгиски медиуми објавија дека се настрадани четири лица.

Главните автопати се поплавени и на југот и на истокот на Белгија, а железничката служба објави дека целиот сообраќај е во прекин.

https://www.youtube.com/watch?v=SjOMOttZnhg&feature=emb_title

Метеоролозите најавија уште поројни дождови во оваа област.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести