Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишиле од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, соопшти вечерва МВР.
Во овој пожар беше опожарена нискостеблеста шума и за среќа во 17.40 часот е ставен под контрола. Осомничениот е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
За потсетување, во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате беше лишен од слобода и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.
]]>


