Додека Црна Гора напредува на европскиот пат и веќе добива значајна финансиска поддршка од Европската Унија, Македонија останува без напредок, власта не исполни ништо од тоа што вети, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.Филипче нагласи дека Македонија нема никаков исчекор кон ЕУ, а власта не ги исполни ветувањата за европска интеграција, додавајќи дека ВМРО не може два пати да ги излаже граѓаните.
„Ништо тоа што ветија не исполнија. Каде е Европа? Ниту едно отворено поглавје“, рече Филипче.
Тој додаде дека за разлика од Македонија, Црна Гора веќе прави конкретни чекори кон членство во Унијата.
„Еве, Црна Гора го пишува договорот за членство во Европската Унија. Над 3 милијарди евра во новиот буџет од 7 години, веќе е предвиден за Црна Гора. Тоа значи дека во следните седум години, 3,2 милијарди евра, Црна Гора ќе добие за подобрување на својата инфраструктура, енергетика, болници, градинки, училишта, ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, и тоа се 3,2 милијарди евра неповратни средства“, рече Филипче.
Во одговорот на новинарското прашање, претседателот на СДСМ порача дека токму таков развој и поддршка треба да обезбеди власта и за Македонија, за своите граѓани, а не само да се трупаат долгови, додека граѓаните да тонат во сиромаштија .
„Ние за тоа се бориме. Како ние ќе ја промениме државата?Еве гледаме со огромните заеми, не се случува тоа. Каде е милијардата од Унгарија? Никој не знае. На кој начин е земена? На кој начин е земена? Кој ја потроши? Каде е отишла?“Што се случува во сите сектори? Ништо. Што е случува во здравството, образование, во социјала, во земјоделството, кај пензионерите? Буквално ништо. Луѓето тонат до сиромаштија“, рече Филипче.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


