Полицијата и нуркачи и натаму го бараат момчето кое вчера исчезна во Вардар кај неготинско Пепелиште

Полицијата и припадници на специјална нуркачка единица на МВР и понатаму го бараат момчето кое вчера исчезнало во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди утрово за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Дека по момчето се трага  во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.


– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи.

Екипа на нашата брза помош веднаш отиде на местото и ќе остане таму и понатаму, рече Филипова вчера попладне за МИА.

Извор: МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести