Бајден ѝ се обрати на нацијата: Нашата цел беше и е да спречиме терористички напади на САД

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва ѝ се обрати на нацијата поради ситуацијата во Авганистан.

-Мојот тим и јас ја следиме ситуацијата во Авганистан и ги имаме во предвид сите можности, вклучувајќи го и брзиот колапс што се случува. Но, прво сакам да ве потсетам како дојде до ова. Пред 20 години отидовме во Авганистан со цел – да ги фатиме извршителите на нападите на 11 септември. Тоа го направивме. Ја унитивме авганистанската Ал Каеда – рече Бајден.

Тој посочи дека американската цел во Авганистан е да се спречат идните терористички напади врз Соединетите држави.

-Американците нема да гинат во војната во која Авганистанците не сакаат да се борат. Авганистанската војска имаше 300.000 луѓе, им дадовме оружје, плати, воздушна поддршка. Им ја дадовме секоја шанса, но не можеме да им дадеме и волја да се борат – рече Бајден.

Бајден истакна дека не жали за својата одлука.

-Не сакам да го лажам својот народ и да му кажувам дека ни треба само уште малку повеќе време. Јас сум претседател на Соединетите држави и таа приказна завршува тука, со мене. Не жалам за одлуката за повлекување од Авганистан, рече тој.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести