
Најпосетен проект, сепак, е нивната канцеларија среде шума, во близина на Мадрид, изградена во 2008 година. Хозе Селгас и Лусија Кано ја дизајнирале оваа тубуларна канцеларија долга 18 метри, широка околу четири метри и висока околу 2,5 метри.

Канцеларијата се состои од само една просторија на вкупна површина од 72 квадратни метри и е делумно покриена со проѕирен ѕид. Поточно, sидовите од едната страна се направени од фиберглас со дебелина од 11 сантиметри и овозможуваат спектакуларен поглед од работното место кон шумата, а вработените се чувствуваат како да работат во самата шума.

Масите се сокриени од директната сончева светлина и овозможуваат нормални услови за работа во текот на денот. Дел од објектот е вкопан околу 1,2 метри под земја, поради што канцеларијата останува добро климатизирана дури и за време на најжешките шпански лета.
Извор: Позитивно.мк
]]>


