(ВИДЕО) Ако сите беа вакцинирани во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1047 –Трајковски во Стадион

Математичките пресметки на Дејан Трајковски, кој до сега прилично прецизно излегуваше со одредени статистики за пандемијата, покажуваат дека бројот на загубени животи би бил двојно поголем доколку не беа вакцините. Трајковски во емисијата Стадион на Канал 77 рече дека Делта сојот, кој е за 50-90% позаразен во летниот бран однесе 1047 починати до денес.

-Меѓутоа, доколку никој не се вакцинирал, во овој бран би умреле 2130 лица, што значи дека до сега имаме спасено околу 1000 лица со сегашниот опфат на вакцинација. Но, доколку сите би се вакцинирале, би починале 209 лица, со просек на ефикасност од 89% ефектот од вакцините против смртен исход, рече Трајковски.

https://www.youtube.com/watch?v=yw-bKA7zwa8&feature=emb_title

Извор: ММС

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Македонија

Најчитани вести