Најголемото дрво во светот замотано во фолија

Минатата година шумските пожари уништија илјадници големи дрвја стари неколку илјади години во шумски заштитени подрачја во САД.

Оваа година, неколку големи дрвја во Музејот на шумата во САД, се замотани со специјални фолии заради заштита од пожар, пренесува „Скај њуз“.

Основата на најголемото дрво во светот е обвиткана со фолија отпорна на пламен во обид да се спаси од пожарите што ја опустошуваат Калифорнија.

Дрвото на генералот Шерман, што се наоѓа во националниот парк Сиера Невада, е обвиткано со алуминиумска фолија која може да издржи интензивни температури за кратки периоди.

]]>

Најчитани вести