Брачен пар пребледел кога ја видел сметката за две кафиња, морале да го откажат одморот во Тајланд

Брачен пар од Оклахома на социјалните мрежи објавија фотографија од сметката што ја платиле за две кафиња во „Старбакс“, на која се гледа дека платиле повеќе од 4.000 долари.

Како што изјавија и за каналот „Фокс23“, Џеси и Диди О’Дел во последните 16 години постојано, секое утро купувале кафе од Старбакс, поточно две исти кафиња, американо со мраз и Фрапе. Нарачката за нивните два вообичаени пијалаци обично ги чининела 10 долари, но во една прилика минатиот месец, плаќајќи со картичка, од сметката им биле одземени 4.456,27 долари.

Што точно им наплатиле? Судејќи според сметката, на парот им било наплатено бакшиш од 4.444,44 долари покрај нивната редовна нарачка.

Диди изјавила дека ја забележала транскацијата неколу дена потоа, кога при друго купување картичката ѝ била одбиена поради немање доволно средства. Кога таа и нејзиниот партнер сфатиле дека за кафето им наплатиле преголема сума, веднаш стапиле во контакт со регионалниот менаџер, кој им објаснил дека настанал технички проблем и дека парите ќе им бидат вратено.

Но, чековите што им ги пратиле од Старбакс, но не можеле да ги искешираат и кога повторно се пожалиле, им кажале дека ќе им пратат нови, кои никогаш не им стигнале.

„Планираме да одиме на патување, но моравме и тоа да го откажаме“, вели оштетениот пар, кој со своите деца планирал да оди на одмор во Тајланд. Случајот е пријавен и во полиција.