Познатата актерка Џејми Ли Кертис освои две награди на синоќешното доделување на „SAG“ наградите за најдобра споредна женска улога и најдобра актерска екипа, и двете за филмот „Се во свое време“.
Награда доби и актерката Мишел Јео, која исто така игра и во споменатиот филм и беше прогласена за најдобра актерка.

Моментот на објавата на наградата беше повод Џејми да ја бакне Мишел, а Мишел да ѝ врати, по што слеа прегратки и воодушевувања.
Бакнувањето во уста е пријателски гест за некои луѓе и неговото значење варира од култура до култура и од општество до општество.
JAMIE LEE CURTIS AND MICHELLE YEOH SHARING A KISS#SAGAwards pic.twitter.com/SZLwLCuIs5
— dream (@carolsstann) February 27, 2023


