Главниот нутриционист на апликацијата за здрава исхрана Lifesum, Signe Swanfeldt, смета дека бидејќи во зима согоруваме повеќе калории, потребно ни е повеќе месо во исхраната. „Кога времето е топло и температурите се повисоки, повеќе сакаме да јадеме полесна храна за разлика од зимските денови кога ни е студено бидејќи на нашето тело му е потребно повеќе енергија за да се стопли“, изјави Swanfeldt за HuffPost.
Според неа наместо салати и овошје во зимскиот период зголемена е потребата за топла храна, но и дека не треба да се прават и големи промени во исхраната а фокусот да биде на топли оброци со доста протеини и влакна.
Сончевата светлина влијае на емоциите и ги потиснува гладот, во спротивно во псотудени денови кога нема доволно сончева светлина тогаш се зголемува желбата за јадење. Затоа препораката на експертите е да се јаде во период од 12 часа бидејќи тогаш се оптимизира ѓеќерпот во крвта. Исто така нивна препорака е избегнување на грицките во вечерните часови и наместо тоа излезете на прошетка.


