ДПИ: Сите инспектори се на терен!

Oд утрово сите инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен, пишува 24инфо.мк.

„Во моментов сите инспектори во државата се на терен за утврдување на фактичка состојба и контрола на грамажа и цена на лебот по вчерашната одлука на Владата“ информираат од ДПИ најавувајќи повеќе информации во текот на денот.

Најголемите пекарници денеска не доставија полубел и бел леб откако вчера Владата донесе одлука за замрзнување на цената на овие производи на 33 денари.

Сепак, дел од пекарниците ја почитуваат одлуката на Владата, па во одредени делови на државата денеска можеше да се најде леб по цена од 33 денари.

Извор: 24инфо.мк

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести