Цветанка и Сузана во Скопје: Поранешната држава се распадна, нашето пријателство остана

Познатата естрадна уметничка Цветанка Ласкова на својот профил на Фејсбук објави фотографии од денешната дружба во Скопје со нејзината долгогодишна пријателка Сузана Манчиќ.

„Јас и Сузана по скопските улици денес…“, напиша Ласкова со фотогрфиите под кои се наредија многу позитивни коментари.

„Првите дами на поранешна Југославија“, коментираше една корисничка на социјалната мрежа Фејсбук.

Како што ни раскажа Ласкова, пријателството со Сузана трае многу години, уште од времето на поранешна Југославија. Се запознале на една турнеја каде што Цветанка настапувала.

„Во минатото сум соработувала со многу познати пејачи, пејачки, композитори и познати личности од поранешната држава, како на пример Мики Јевремовиќ, Ханка Палдум… На една турнеја каде што настапував, се запознавме со Сузана и оттогаш трае нашето пријателство. Државата во која се запознавме се распадна, но нашето пријателство остана. Сузана во Скопје е еден ден, дојде да се видиме и да прошетаме по улиците на нашиот главен град. Следната средба ќе ни биде во Белград“, вели Ласкова и додава дека секогаш се радува на средбите со пријателките.